20.02.2015
Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на Гевгелија

Во сабота, 21.02.2015, пратеникот Павле Трајанов, ќе оствари средба со граѓаните на општина Гевгелија. Средбите и разговорите ќе се одвиваат во Советот на општина Гевгелија од 11 до 13 часот.
На средбата граѓаните можат да поставуваат прашања и да даваат свои сугестии, предлози и сл.
Граѓаните кои сакаат да остварат средба со пратеникот Павле Трајанов можат да се обратат на телофонскиот број 072/250-031 или преку e-mail prateniktrajanov@gmail.com кај асистентот Драган Каровски.