17.04.2015
Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на Неготино

Во сабота, 18.04.2015, пратеникот Павле Трајанов, ќе оствари средба со граѓаните на општина Неготино.Средбите и разговорите ќе се одвиваат во Советот на општина Неготино во 19 часот.
На средбата граѓаните можат да поставуваат прашања и да даваат свои сугестии, предлози и сл.
Граѓаните кои сакаат да остварат средба со пратеникот Павле Трајанов можат да се обратат на телефонскиот број 072/250-031 или преку e-mail: prateniktrajanov@gmail.com кај асистентот Драган Каровски.