28.11.2015
Трајанов ќе оствари средба со граѓаните на Велес

Денес, 28.11.2015 година, Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз, ќе оствари средба со членови и симпатизери на ДС во Велес, каде ќе зборува за актуелната политичка состојба, предизвиците со кои се соочуваме, како и за претстојните предвремени парламентарни избори.
Средбата ќе се одржи во седиштето на ДС во Велес, ул. „Владимир Назор“ бр.2, спроти плоштадот Сармаале, со почеток во 18:00 часот.