28.11.2015
Трајанов во Велес

Вечерва претседателот на Деморкатски сојуз, Павле Трајанов, ги посети членовите на ДС во Велес, при што обраќајќи се пред присутните нагласи: „Демократскиот сојуз е демократска партија, која ги застапува автентичните интереси на граѓаните и која докрај ќе инсистира на одговорност од тие што го кршат Уставот и законите и се богатат злоупотребувајќи ја добербата на граѓаните.“
Трајанов зборуваше и за социјалната состојба при што рече: „Со 150 евра месечна плата не може да се прехрани семејство, при што е неопходно минималната плата да биде 300 евра. Во спротивно за 2-3 години Македонија ќе се испразни и ќе немаме квалификувана работна сила.“
Сметаме дека Велес мора да биде град на информатичари, доколку се создадат основни предуслови за развој на оваа исклучително добро платена професија.
Трајанов побара да престане манипулативната политичка медиумска кампања и да се создаде амбиент за рамноправен политички натпревар.