18.02.2014
Успешно спроведена хуманитарна акција на ДС Битола

Општинската организација на Демократскиот сојуз на Битола спроведе успешна акција за хуманитарна помош и донација наменета за Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Демир Хисар“.
„Идеата беше да им се помогне на пациентите со собирање на се што им е потребно. Во контактите со надлежните од болницата добивме сознанија дека во просториите се сместени и лица кои престојуваат во подолг временски период на кои добро ќе им дојде оваа донација. “ – Елизабета Апостоловска, член на Претседателството на ДС од Битола.
„Се надеваме дека донацијата ќе биде препознаена како најдобра наша намера да им помогнеме на овие луѓе, на кои и покрај грижата од болницата, секоја дополнителна помош им е повеќе од потребна .“- Стојан Кулевски, претседател на Општинската организација на ДС на Битола.