15.06.2016
Демократски сојуз: Трајко Вељаноски го прекрши Деловникот

На денешната седница на Собранието на Република Македонија, претседателот Трајко Вељаноски, не и даде збор на Драгана Кипријановска, заменик министер за надворешни работи, со што грубо го прекрши член 221 став 4 од Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.
Кипријановска сакаше да ги искаже своите ставови пред пратениците, по повод предлогот за нејзино разрешување, но во намерата беше спречена.