Демократски сојуз: Законите на СЈО во редовна постапка

05.10.2016

Демократски сојуз: Законите на  СЈО во редовна постапка

Демократскиот сојуз денес во редовна собраниска постапка ги достави  Предлог- Законот за измени на Законот за СЈО и Предлог -Закон за промена на Законот за заштитени сведоци, со кои се предвидува продолжување на периодот за поднесување на обвинение односно СЈО да може да користи заштитени сведоци во постапките против обвинетите.

Донесување на законите во редовна постапка отвора можност да се расправа на комисиите, како и на пленарна седница.

Очекуваме аргументирана расправа и преку носењето на законите и силна поддршка на СЈО.

Парламентот наместо да ја попречува правдата, ќе создаде услови за поефикасна работа на СЈО и инволвираните во криминал да понесат одговорност.



partners partners partners partners partners partners