ДС предлага измена на Законот за заштита на сведоци

06.05.2013

ДС предлага измена на Законот за заштита на сведоци

Демократскиот сојуз предлага измена на Законот за заштита на сведоци, во делот на казнените одредби.

Со постојниот Закон, за објавување на вистинскиот идентитет на загрозен ( заштитен ) сведок се предвидени драконски казни, каде минималната казна е 4 години затвор, а најстрогата 15 години или доживотен затвор.

Со промените одговорноста ќе остане за лицата со посебни права и должности (судии, јавни обвинители, припадници на полицијата и др.), но ќе се предложи намалување на запретената казна за “трети лица“ кои дознале за правиот идентитет на заштитен сведок.

Инаку овој Закон е донесен на 19 мај 2005 година, кога СДСМ заедно со ДУИ имаа мнозинство во Парламентот.

partners partners partners partners partners partners