14.01.2013
Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на  градење на Програма  за отворање на нови работни места , развој на  економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
До вистински решенија се доаѓа само со гласно размислување низ бура на различни идеи.
За таа цел ги повикуваме самите граѓани, експерти, невладини организации и медиумите, со свои идеи и предлози да се вклучат во овој предизвик и да одговорат на прашањето „Како до нови работни места?“

Проблемот со невработеноста не треба само да се констатира. Заедно  можеме да ги лоцираме пречките  во економските текови и делуваме на  нивно поединечно анулирање во функција на заживување и развој на  економските потенцијали.
10те предлози со најмногу гласови ќе бидат промовирани и повикани да  земат учество на трибината на оваа тема во Пробиштип*. Најуспешните ќе  имаат прилика да се дружат меѓусебно, да седнат на тркалезна маса и да  ги споделат своите идеи, како и да разменат мислења со еминентни  експерти во оваа област. Право на користење на апликацијата имаат сите  Facebook корисници постари од 18 години.

Идеите на граѓаните ќе ги вреднуваат самите граѓани. Гласањето и учеството ќе биде отворено од 14.01.2013 до 28.01.2013
Ниту една идеја не е безвредна доколку имате со кого да ја  споделите. За предложените решенија да добијат соодветна  институционализација и реализација, Демократскиот сојуз како мост помеѓу  граѓаните и власта, ќе ги имплементира во една сеопфатна Стратегија за  забрзан економски развој.
Секој може еднаш да даде предлог и да гласа еднаш за еден предлог. Апликацијата е поставена на нашата Facebook страна. До неа можете да дојдете со клик ТУКА.
*Семинарот ќе се одржи во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип,  на почетокот на февруари. Во програмата е предвидена и посета на  културно-уметнички и историски знаменитости. Трошоците ќе бидат целосно  покриени од организаторот на апликацијата.