14.12.2013
Нова Македонија „ЛИЧНОСТ НА ГОДИНАТА ЗА 2013“: Павле Трајанов

Според Нова Македонија, меѓу десетте личности на годината е и Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник во Собранието на Република Македонија.
Доколку сакате да гласате кликнете на овој линк.
За Трајанов тие истакнуваат: „Подолго време бара државен консензус меѓу сите политички субјекти за спорот за името со Грција. Особено е активен во Собранието и во јавноста кога станува збор за полициските акции против организираниот криминал, кревајќи го гласот за владеење на правото. Редовно се изјаснува против долгото траење на мерката притвор. По случајот со притворањето на новинарот Кежаровски, пратеникот Павле Трајанов предложи измени на законот заради намалување на казната затвор за откривање идентитет на заштитен сведок.“
Извор: Нова Македонија
