Павле Трајанов за Радио Слободна Европа: Секој што работел во службата за безбедност може да биде предмет на лустрација

20.10.2013

Павле Трајанов за Радио Слободна Европа: Секој што работел во службата за безбедност може да биде предмет на лустрација 

 

Сите кои што извршувале високи функции во разузнавачките служби во периодот опфатен со лустрацијата работеле согласно тогашните закони и уставот и ги исполнувале работните обврски. Процесот на лустрација кој што ги опфаќа трите категории, односно соработници на тајните служби, наредбодаватели и корисници на информации, служи за расчистување со стариот систем. Секој што работел во службата за безбедност може да биде предмет на лустрација и голем дел од нив може да бидат лустрирани затоа што може да постапувале од идеолошки причини.

За мене е спорен опфатот на сите тие, и соработници и наредбодаватели. Досега немаме лустриран ниту еден од државно политичкиот врв, коишто биле корисници на информации од тајните служби и врз основа на тие информации носеле одлуки, односно одлучувале за судбините на голем број луѓе. Ако процесот се одвива, треба да се одвива подеднакво за сите тие три структури коишто се опфатени во Законот за лустрација.

Многу е широк опфатот на луѓе што треба да поминат низ лустрацискиот филтер, тоа се отприлика 200 илјади луѓе, и за спроведување на еден сериозен процес потребни се многу години, а таквата операција ќе создава само внатрешни конфликти и основните цели нема да се постигнат. Овој процес има влијание и врз безбедносната состојба на државата.

Уште кога се најави процесот, голем број на соработници веќе откажаа соработка, а што е најбитно, сега многу тешко прифаќаат соработка со тајните служби, тоа е едната димензија. Втората е дека сигурно дека има вознемиреност кај сите припадници на Управата за безбедност и контраразузнавање, бидејќи тие што работеле таму до 2006-та година, бидејќи до тогаш треба да бидат опфатени, тие сè уште работат таму. Голем дел од нив и сега се активни оперативци, работат и сигурно дека и кај нив постои загриженост и вознемиреност и сето тоа се одразува на извршувањето на функциите на тајните служби.

Ниту еднаш досега не слушнавме дека е извршено вештачење на каков било лист хартија, да се види дали тој лист е од сегашна дата или е од некоја многу поодамнешна дата. Најчесто службите во тоа време, состаноците ги држеа во тајните станови со кои располагаше службата. Тие станови беа опремени со Ухер касетофони ленташи, они старите и беа опремени со видео камери. Денеска ние во постапката на лустрирање не сретнавме ниту еден доказен материјал дека е тоа вистината што се случила, дека некој тоа го изговара, дека токму тоа лице тоа го кажува. Зошто, каде се тие сега?

Целиот текст прочитајте на го на овој линк.

Извор: Радио Слободна Европа

partners partners partners partners partners partners