Павле Трајанов за ТВ21 : Специјални одделенија и во МВР, Апелација и Уставен

15.07.2016

Павле Трајанов за ТВ21 : Специјални одделенија и во МВР, Апелација и Уставен

Треба да има одделенија за борба против организиран криминал и во МВР и во јавното обвинителство и во судот. И тогаш и сега има негативни коментари за механизмите за контрола е ставот на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи. Според него потребни се специјални судски и полициски одделенија во кои ќе работат професионалци.

„Специјалното јавно обвинителство се третира од страна на Владата како диво месо кое треба да се отстрани, мислам дека треба да има и специјално полициско одделение каде што ќе се вклучат најдобрите професионалци. Треба да има вакво специјално одделение и во Кривичниот суд и во Апелациониот суд и во Врховниот суд. Така што треба да биде тоа едно системско решение кое ќе гарантира висок степен на професионалност, транспарентност и одговорно работење“, изјави Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

Извор: ТВ21

partners partners partners partners partners partners