26.02.2013
Демократскиот сојуз организира дводневна трибина во Пробиштип

Демократскиот сојуз согласно програмските определби подготвува Стратегија за забрзан економски развој и Програма за отварање на нови работни места.
Демократскиот сојуз, Стратегијата и Програмата ги подготвува во консултација со домашни и странски експерти, како и со идеи од граѓаните. Во оваа насока, во организација на Демократскиот сојуз на Facebook беше спроведена апликација „Како до нови работни места“ на која се приклучија 673 граѓани со свои идеи и предлози.
На 02 и 03 март Демократскиот сојуз ќе организира трибина во Пробиштип на истата тема, со цел да овозможи продлабочена расправа за овие клучни прашања, непосредно со граѓаните.
На трибината покрај воведниот излагач, д-р. Снежана Костадиноска-Милошоска, своите идеи ќе ги презентираат и 10-мината најуспешни учесници на претходноспоменатата апликација.
На трибината ќе се отвори расправа и за светската економска и финансиска криза, како и потребата од редефинирање на политичките системи, односно ќе се разговара и за „НОВ ПОРЕДОК“.
За помладите учесници ќе се организира и обука за јавен настап.
Во продолжение ја објавуваме целосната агенда за овој дводневен настан:
Сабота, 02 март
-
Отворање и воведно обраќање: г-дин Павле Трајанов, претседател на ДС
-
Дебата на тема “Како до нови работни места”
Говорник: Др. Снежана Костадиновска-Милошеска, Економски Институт
Дискусија:
-Во рамките на терминот предвиден за дискусија, свои излагања ќе имаат
- Јово Баткоски
- Ангел Михајлов
- Елена Денковска
- Дарко Маневски
- Горјан Мушевски
- Славчо Јовановски
- Македонка Андевска
- Филип Баткоски
Модератор: Вилма Петковска, генерален секретар на ДС
Недела, 03 март
- Дебата на тема “Нов поредок”
Говорници:
-Александар Чомовски, новинар и политички аналитичар
-Зоран Петров, потпретседател на ДС
Дискусија
Модератор: Весна Стоимeновска, член на Претседателството на ДС
2. Дебата на тема “Јавен настап”
Говорници:
-Драган Антоновски, новинар
-Благоја Чоревски, претседател на ОО на град Скопје
Дискусија
Модератор: Драгана Букилица, портпарол на ДС
- Заклучно обраќање и затворање на трибината
-г-дин Павле Трајанов, претседател на ДС