25.06.2014
ДС: Аплицирајте на Огласот на Собранието на РМ за ангажирање на лица на јавни функции

Собранието на Република Македонија и Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието имаат потреба од ангажирање на компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе јавни функции кои се во нивна надлежност.
Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование и да ги исполнуваат законските услови за функцијата за која се пријавуваат. Можност за пријавување имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле како во Република Македонија, така и во странство.
Целосниот преглед на јавните функции за кои се бара пројавување на интерес можете да го погледнете на интернет страницата на Собранието на Република Македонија.
Заинтересираните кандидати потребно е до Собранието на РМ - Комисијата за прашања на изборите и именувањата да достават:
- пријава во која кандидатот задолжително ќе ја наведе јавната функција за која се пријавува и редниот број на позицијата од овој оглас во која е назначен бројот на кандидатите кои треба да ги избере/именува Собранието,
- лична биографија (CV) не поголема од 5 страни,
- документи со кои се докажува исполнувањето на условите утврдени во овој оглас, односно Законот, за функцијата за која се пријавува и
- уверенија за познавање на странски јазик (за позициите за кои е потребен сертификат за познавање на странски јазик, истиот може да се достави по конечниот избор на кандидатот)
Краен рок за поднесување на пријавите е 20 јули 2014 година.