15.05.2013
ДС: Аплицирајте на владиниот оглас

Демократскиот сојуз ги повикува сите заинтересирани граѓани да аплицираат на огласот за 80 раководни функции во државните институции кој го објави Владата на РМ.
Огласот е објавен на веб страницата на Владата, а на него може да аплицираат сите оние кои што сметаат дека имаат високи менаџерски способности и соодветно работно искуство.
Се пополнуваат раководни места кои веќе се испразнети, чиј мандат привршува и места каде во моментот раководи вршител на должноста.
Сите заинтересирани треба во писмена форма да достават до Владата мотивациско писмо, лична биографија и да приложат сертификати и уверенија доколку ги имаат.
Погледнете го огласот тука.