ДС: Аплицирајте за грантовите од 3000 евра за почнување на сопствен бизнис


ДС: Аплицирајте за грантовите од 3000 евра за почнување на сопствен бизнис

Демократскиот сојуз ги повикува сите членови, симпатизери и граѓани на Република Македонија коишто имаат идеја за отпочнување на сопствен бизнис, да аплицираат на јавниот оглас на Агенцијата за вработување на Република Македонија за доделување на 3000 евра неповратни средства. 

Имено нови 400 невработени лица регистрирани во АВРМ можат да аплицираат на огласот за грантови. Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на: 

− експертска поддршка во форма на обука за развивање на бизнис идеја, маркетинг план и осознавање на претприемништвото; 

− финансиска и советодавна поддршка за регистрација на фирма;

− финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари; 

− дополнителна финансиска поддршка за набавка на опрема и/или материјали во износ од 92.000 денари за најуспешните 50 фирми корисници; и 

− дополнителна советодавна поддршка по регистрацијата на бизнисот. 

Пријавите може да се поднесуваат најдоцна до 25.05.2014 година.

Огласот можете да го најдете на веб страната на Министерството за труд и социјална политика, како и на страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија

partners partners partners partners partners partners