ДС: Рамноправна застапеност на жените во политиката

07.10.2015

ДС: Рамноправна застапеност на жените во политиката

Демократскиот сојуз ја поздравува иницијативата на Македонското женско лоби за промена на изборната регулатива во насока на зголемување на квотите на жените, но предлага тоа да биде 50%, односно жените да имаат можност да бидат рамноправно застапени на изборните листи.

Демократскиот сојуз како партија на центарот, негува принципи и вредности кои се против секаков вид на дискриминација (пол, возраст, вера и сл.) и се залага на сите да им се дадат еднакви можности за учество како во општествениот, така и во политичкиот живот.

Веруваме дека капацитетите и квалитетите на една личност без разлика дали станува збор за маж или жена, мора да добијат рамноправен третман и затоа ДС предлага досегашната квота од 33% да се зголеми на 50%.

partners partners partners partners partners partners