Поголема социјална сигурност

13.08.2015

ДС: Потребна е поголема социјална сигурност

Во пресрет на продолжување на разговорите за излез од длабоката политичка криза, како и потребата од системски промени, Демократскиот сојуз смета дека, промените треба да поаѓаат од потребите на граѓаните, и во таа насока сметаме дека едно од клучните прашања е подобрување на социјалната состојба. 

Демократскиот сојуз предлага:

1. Да започне постапка на усогласување и утврдување на најниската плата, која треба да изнесува 250 евра.Оваа мерка ќе влијае на зголемување на продуктивноста, но и на намалување на одливот на млади и школувани кадри во странство.

2. Да се дефинира најниската пензија и истата да изнесува 200 евра или 80% од најниската плата.

3. Да се формира Фонд за изградба на станови за потребите на граѓаните кои што го немаат разрешено стамбеното прашање, посебно за младите брачни парови.Корисниците на овие станови да плаќаат минимална кирија, со можност да ги откупат.

Инаку ДС ја поддржува политиката на изградба на социјални станови, како и проектот “Купи куќа, купи стан”, но и натаму десетици илјади граѓани и семејства се без можност да имаат свој дом.

Демократскиот сојуз ги повикува политичките партии, невладините организации и другите граѓански асоцијации, во наредниот период заедно да иницираме прашања и да предложиме решенија кои првенствено тргнуваат од државните интереси и интересите на граѓаните, без популизам и дневно политички маркетинг.

partners partners partners partners partners partners