Честит 11 Октомври - Ден на востанието на македонскиот народ


11.10.2026

Честит 11 Октомври - Ден на востанието на македонскиот народ

11 Октомври е еден од најзначајните датуми во македонската историја – симбол на слободата, храброста, националното достоинство и непокорот.
На овој голем празник, со длабока почит им оддаваме признание на сите борци кои се кренаа против фашизмот, жртвувајќи се за слободата, мирот и иднината на македонскиот народ.
Востанието од 11 октомври 1941 година останува траен симбол на стремежот за слобода и право на сопствена државност. Неговото историско наследство е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации.
11 Октомври е празник на сите граѓани и ден што треба да нè обединува. Тој нè потсетува дека слободата, правдата, солидарноста и љубовта кон татковината се вредности што нè поврзуваат и нè обврзуваат заеднички да ја градиме иднината.
Демократскиот сојуз останува посветен на демократска, просперитетна и европска Македонија, во која ќе се почитуваат слободата, достоинството и правата на секомј граѓанин.
Со гордост кон историското наследство, со единство во сегашноста и со одговорност кон иднината!
Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ!
Вечна слава на борците за слобода!

partners partners partners partners partners partners