Демократски сојуз: Честит и вечен Илинден

2.8.2026

Демократски сојуз: Честит и вечен Илинден


Демократски сојуз на сите граѓани на Република Македонија им го честита 2 Август – Илинден, најголемиот национален празник и симбол на вековната борба за слобода, државност и демократија.

Илинден од 1903 година и АСНОМ од 1944 година се темелите на современата македонска држава и траен потсетник дека со единство, солидарност и истрајност се остваруваат најголемите национални идеали.

На овој светол празник им оддаваме длабока почит на сите кои се бореле и се жртвувале за слободна и независна Македонија. Наша обврска е да ги чуваме илинденските идеали и да продолжиме да градиме демократска, праведна, економски развиена и европска држава, во која секој граѓанин ќе има еднакви можности и достоинствен живот.

Нека е честит и вечен 2 Август – Илинден!

partners partners partners partners partners partners