Демократски сојуз: Окупација на Универзитетот

06.06.2016

Демократски сојуз: Окупација на Универзитетот

Не навлегувајќи во кривично правните аспекти околу сомневањата за корупција на професори од Економскиот Факултет, Демократскиот сојуз најостро реагира поради "Окупацијата" на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од полициски единици и целосно нарушување на автономијата на Универзитетот.

Криминалот треба да се сосече во корен, тоа е не спорно, но неприфатлива е манифестација на сила во Универзитетскиот Кампус.

Демократскиот сојуз бара да се води сметка за начелото презумција на невиноста и законите да важат за сите, вклучително и за аболираните од Ѓорге Иванов.

partners partners partners partners partners partners