ДС: Одговорност за сите кои ја злоупотребиле власта

13.02.2016

ДС: Одговорност за сите кои ја злоупотребиле власта

Денес Демократскиот сојуз во Кочани одржа трибина каде ја презентираше предлог изборната програма "промени, правда и прогрес".

Програмата е резултат на автентичните барања на граѓаните, при што Павле Трајанов нагласи "потребни се суштински и коренити реформи за да се создадат услови за кредибилни избори".

Мора да се реформира правосудниот систем , да се етаблира систем за одговорност на функционерите кој го кршат уставот и на криминален начин стекнуваат капитал, да се отворат перспективи за младите да не бегаат во странство, а условите за инвестиции да бидат исти за домашните и странските компании.

ДС предлага минимална плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра,евтина тарифа за електричната енергија и милијарда евра за капитални инвестиции, нови технологии, развој на земјоделието и проекти за младите.

Трајанов нагласи "Специјалното јавно обвинителство да работи професионално, законито и сите одлуки да бидат поткрепени со цврсти докази", како и транспарентно, како силна брана од обидите за негова блокада и дисквалификација.

На трибината присуствуваа над 200 граѓани меѓу кои и стечајци кои побараа разрешување на нивниот статус.

 

partners partners partners partners partners partners