Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Сочустуваме со турскиот народ во овие тажни денови

29.06.2016

Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Сочустуваме со турскиот народ во овие тажни денови

Коалицијата за промени и правда (Демократски сојуз, ФРОДЕМ, МОРО - Работничка партија и ДЕМОС), смета дека терористичките напади на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул  се напади врз универзалните принципи и вредности на живеењето, и врз мирот и слободата на граѓаните.

Коалицијата за промени и правда, најостро го осудува ваквиот монструозен чин во кој животот го загубија голем број на лица и каде има голем број повредени.

Коалицијата за промени и правда, во овие тешки и тажни денови за турскиот народ изразува длабоко сочувство кон семејствата на настраданите и се моли за побрзо закрепнување на повредените.

partners partners partners partners partners partners