Трајанов предлага долгорочни излезни решенија за загадувањето

14.12.2015

Трајанов предлага долгорочни излезни решенија за загадувањето

Павле Трајанов, пратеник и претседател на ДС се вклучи во Парламентарната расправа, при што нагласи дека состојбите со загадувањето и последиците од него се сложени и тешки, поради што предлага да се дефинираат и донесат заклучоци кои ќе вклучат мерки на долгорочен, но и на краткорочен план. Проблемите не засегаат сите и со „напади“ или „одбрана“ нема да се променат работите.

Пратениците имаат бројни идеи и предлози, како и предлозите на граѓанскиот сектор и експертите, треба да се сублимираат и усвојат од страна на сите пратеници, што ќе биде гаранција за нивна имплементација.

Трајанов предложи долгорочни излезни решенија како : Гасификација, замена на фосилните горива со енергија што не загадува, воведување трамвај, еколошки автобуси и такси возила на електричен погон, а краткорочно, да се обезбеди бесплатен градски превоз за сите граѓани (декември-февруари), се разбира модернизиран, со што ќе се преполови користењето на автомобилите.

Трајанов го осуди отсуството од седницата на Министерот за екологија.

partners partners partners partners partners partners