Демократски сојуз: Избори - театар на апсурдот

12.05.2016

Демократски сојуз: Избори - театар на апсурдот


Демократскиот сојуз, смета дека, продолжување на изборниот процес со поднесување на листи на кандидати за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува театар на апсурдот и ја продлабочува и заострува политичката криза.

Наместо разумно и државничко однесување, сведоци сме на ставање на личните над државните интереси.

ДС инсистира на итен политички договор за одлагање на изборите, повлекување на аболицијата и избор на експертска Влада со јасен мандат, да спроведе реформи и ја стабилизира состојбата и обезбеди услови за избори.

Сугерираме ОБСЕ и ОДИХР да ги  повлечат наблудувачите.

partners partners partners partners partners partners