Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69% од гласовите и обезбеди советник во Советот

20.10.2025

Демократски сојуз: На самостојниот настап за советници во Конче, ДС освои 8,69% од гласовите и обезбеди советник во Советот

Демократски сојуз настапи самостојно за избор на советници во Советот на Општина Конче, при што од вкупно излезени 1.888 гласачи,  Демократски сојуз освои 164 гласа или 8,69% од излезените.

За ДС освоените гласови се сериозен потенцијал за партијата што покажува дека ДС има сериозен потенцијал и солиден придонес во огромната победа на Коалицијата „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ , предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, упатува честитки до носителот на листата Јонче Здравев и останатите осум кандидати за советници и искрена благодарност до гласачите во општина Конче и населбите Долни Липовиќ,  Горни Липовиќ, Габревци, Дедино, Ракитец и Лубница.

Демократски сојуз доследно ќе се залага за имплементација на изборната програма за Конче, водејќи сметка за рамномерен развој на сите населби.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners