Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

12.10.2025

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

На локалните избори, Демократскиот сојуз во Конче настапува самостојно со листа на советници.

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, заедно со кандидатите за советници и носителот на советничката листа Јонче Здравев (19), посети повеќе населени места (Дедино, Габревци, Ракитец,  Лубница, Горни и Долни Липовиќ), како и Конче, каде разговараше со граѓаните за програмските приоритети кои  обезбедуваат рамномерен развој на сите населени места во општината.

Доколку се работи чесно и посветено, Конче може да биде модерна и една од најубавите општини. Шумите, водите, езерото Мантово и идеалната надморска височина се одлични предуслови за развој на туризмот, земјоделието и сточарството.

Само поголема грижа и насочување на компаниите да инвестираат во преработувачки капацитети, се гаранција младите да останат во овој прекрасен крај.

Трајанов нагласи дека во соработка со Владата општината Конче има потенцијал да гради инфраструктура, пред се локални патишта, обнова на водоводната мрежа, пречистителни станици, бесплатен превоз, здравствена заштита, редовна набавка на лекови за повозрасните граѓани, како и решавање на други потреби на граѓаните.

Трајанов вети соработка со сите советници и отворена врата за сите граѓани.

Трајанов ги повика граѓаните да излезат на 19 октомври, да гласаат за Јонче Здравев, кој под бројот 19 е носител на листата на советници на Демократскиот сојуз.

Јонче Здравев е гаранција дека заедно со сите граѓани ќе ја градат општината.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners