|
|
18 март 2012 година Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби, од нашата искреност и објективност, од нашите цврсти определби дека само со работа, посветеност и одговорност може да се оди напред. Демократскиот сојуз не премолчува, за сите чувствителни прашања има свој став и јавно го соопштува. Ние не калкулираме, ние секогаш тргнуваме од стратешките интереси на државата, секогаш сме со граѓаните. Ние сме и ќе останеме во коалиција со граѓаните  |
Обраќање на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз на Свечената седница (21.03.2010 година) Почитувани гости, драги пријатели, членови на Демократскиот сојуз, сакам да Ве поздравам и нa сите Вас како и на Демократскиот сојуз, да Ви посакам многу успеси.  |
Интервју на Павле Трајанов за Утрински Весник, 18.01.2010 Се уште не сме блиску до прифаќање име за меѓународна употреба, како и за обемот на неговото користење  |
Поаѓајќи од реалните постигања на планот на развојот на човековите права, демократијата и европеизацијата на Република Македонија, но свесни за потребата од непрекинато негување на позитивните трендови, но и соочени со тешките премрежија пред кои стои нашето општество, Демократскиот сојуз, своите идни приоритети и активности ќе ги насочи кон нови и креативни идеи кои водат до:  |
|
|
|
|
|
 |
|
|
|
www.demokratskisojuz.org.mk
|
|
|
Добре дојдовте на новата веб страница на Демократскиот Сојуз.
Се надеваме дека со понудените содржини ќе го задржиме Вашето внимание. Пишете ни, а ние со внимание ќе ги читаме Вашите коментари и ќе ви одговараме на Вашите прашања...
Срдечен поздрав од нашиот тим! |
|
Павле Трајанов е денес пратеник во Собранието, човек со неколкугодишно политичко искуство, а и искусен полицаец, кој ги поминал сите скалила на МВР, од приправник до министер. Затоа, медиумите често го бараат неговото мислење кога се работи за безбедносната состојба во Македонија. Ова е првото интервју на Трајанов по соопштувањето дека е уапсена групата, која стои зад убиството на петмината, вклучувајќи и еден од извршителите...  |
Скопје, 19.04.2012 Денес во 21.00 часот, на АЛФА ТВ, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз ќе гостува во емисијата WIN-WIN со Оливера Трајковска. Оние кои не се во можност да ја гледаат емисијата денес во 21.00, Ве информираме дека репризата е во недела 13.30 часот.  |
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА-Скопје, 17.04.2012 година Демократскиот сојуз ги повикува сите граѓани на разумно однесување и да не превземаат активности со кои ќе ја усложнат безбедносната состојба и загрозат стабилноста на државата.  |
СКОПЈЕ, 04.04.2012 Денес во 17.00 часот, на НАША ТВ, Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз ќе гостува во емисијата ПОЛИТИКО со Саше Ивановски. Оние кои не се во можност да ја гледаат емисијата во живо во 17.00, Ве информираме дека репризата е во 21.00 часот.  |
Скопје, март 2012 година за дејствување на Демократскиот сојуз МОЖЕМЕ ПОВЕЌЕ  |
IV КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ |
ИНТЕРВЈУ на Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, вели дека има разбирање за ВМРО–ДПМНЕ и за нивната колебливост околу решавањето на спорот за името, оти секое решение ќе биде дочекано на нож од опозицијата, но дека е неопходна поголема храброст. Трајанов вели – ни Груевски, ни Црвенковски нема сами да преземат одговорност, потребен е широк блок за решение на овој проблем  |
Скопје, 18.12.2011 година Демократскиот сојуз оценува дека пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, претставува одраз на почитување на меѓународните стандарди и на највисоките цивилизациски и демократски принципи, како и силна манифестација на владеењето на правото во меѓународните и меѓудржавните односи. По темелната и сеопфатна анализа на содржината на пресудата, како и по консултации со домашни и странски експерти, Демократскиот сојуз како посебни битни ги издвојува следниве заклучоци: Со пресудата на Меѓународниот суд на правдата недвосмислено е потврдено дека Република Грција ја прекршила Времената спогодба склучена со Република Македонија на 13 септември 1995 година, ставајќи вето на приемот на Македонија во НАТО на Самитот на Алијансата одржан на почетокот на април 2008 година во Букурешт.  |
ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ ДОПОЛНИТЕЛЕН УСЛОВ ЗА ВРШЕЊЕ НА ЈАВНА ФУНКЦИЈА ВОВЕД: I. ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИТЕ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција („Службен весник на Република Македонија број 14/2008,64/2009 и 24/11), се определува дополнителен услов за лице кандидат за носител или носител на јавна функција, изборна или во државна и јавна служба или во јавна дејност или друго јавно овластување (во натамошниот текст: кандидат за носител или носител на јавна функција) и за други работи од јавен интерес и дејности на правни лица; се уредува основањето и надлежноста на Комисијата за верификација на факти (во натамошниот текст: Комисијата) и се уредува постапката за верификација на факти пред Комисијата и судот за утврдување несоработка со органите на државната безбедност и правните последици од таквата соработка.  |
Најбитен е дадениот збор дека сте прифатиле обврска да бидете во коалицијата и да останете таму, вели Павле Трајанов  |
Скопје, 12.10.2011 година Демократскиот сојуз во целост ја поддржува одлуката на Државната пописна комисија, за прекин на пописот на домаќинствата и населението, со што ќе се спречи обидот за груб фалсификат и генерирање на меѓуетнички тензии со тешки последици по стабилноста на Република Македонија. Анализите на Демократскиот сојуз покажуваат дека не се почитуваат утврдените правила и методологија за пописот, поради што нема услови да се добијат релевантни и точни податоци за домаќинствата и населението.  |
Пратеникот Павле Трајанов, смета дека Законот треба да воведе основи на младинско организирање, а на младите треба да им биде оставено да бираат како ќе се организираат.  |
Скопје, 17.05.2011 Согласно веќе дадените насоки, а во функција на интензивирање на изборната кампања, неопходни се следните активности:  |
Скопје, 17.05.2011 година Демократскиот сојуз, во рамките на Коалицијата „За подобра Македонија“, останува на своите основни принципи за отвореност, одговорност, чесност и посветеност во спроведувањето на реформите и проектите за побрз економски и демократски развој на Република Македонија. Демократскиот сојуз е за промоција на идеи и програми кои ќе значат интеграција на Македонија во НАТО и во ЕУ без да се загрози идентитетот на македонскиот народ, за владеење на правото и бескомпромисна борба против организираниот криминал, за домашни, но и за привлекување странски инвестиции кои ќе значат НОВИ РАБОТНИ МЕСТА, економски развој и за реализирање на проекти во сите области за ПОДОБРА ИДНИНА на сите граѓани во Република Македонија.  |
Скопје, 09.05.2011 година Зоран Петров, шеф на ЦИШ;  |
Скопје, 09.05.2011 Демократскиот Сојуз на престојните предвремени парламентарни избори ( закажани за 5.06.2011 година), ќе настапи заедно со ВМРО-ДПМНЕ, како и со другите партии кои ќе бидат дел од Коалицијата. Согласно програмските определби на ДС, како и Одлуката на Централниот Совет на ДС, донесена на седницата одржана на 12.03.2011 година, неопходна е мобилизација на сите креативни потенцијали на партијата, со цел Коалицијата “ За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, да освои мнозинство во Парламентот, неопходно за продолжување на реформите, добивање покана за полноправно членство во НАТО, започнување на пристапните преговори со ЕУ, како и обезбедување подобар живот за сите граѓани.  |
Скопје, 02 мај 2011 г. Демократскиот сојуз на претстојните парламентарни избори ќе настапи како дел од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Врз основа на темелни анализи за досегашната работа на Владата на Република Македонија, Парламентот и другите институции, Демократскиот сојуз оценува дека во изминатите пет години, се реализирани бројни реформи и проекти, при што се постигнати значајни резултати во сите области. Демократскиот сојуз смета дека со обединувањето на повеќе од 20 партии, со учество на скоро сите етнички заедници, се гарантира силен економски и демократски развој, единство и јакнење на унитарниот карактер на државата.  |
СКОПЈЕ, 08.04.2011 ГОДИНА Почитувани, Пред 18 години, на денешен ден, на 8 април 1993 година, Република Македонија беше примена во ООН под референцата „Бивша Југословенската Република Македонија“ со цврсти ветувања од Претседателот на државата, Киро Глигоров, дека ова име ќе се користи 2-3 месеци. Прифаќањето на „ новото“ име од државниот врв (К.Глигоров, С.Андов и Б.Црвенковски), предизвика огромни негативни последици врз развојот и меѓународното етаблирање на Македонија. Во изминатите 18 години не се дојде до компромис со Грција, а Времената Спогодба со Грција стана инструмент за меѓусебни обвинувања и камен за сопнување. Република Македонија се соочи со вето во Букурешт за прием во НАТО.  |
Учесниците на трибината се согласија дека единствен модел за справување со насилството меѓу младите е општ консензус со кој политиката и мерките за справување со оваа појава ќе бидат проактивни и постојано ќе се надградуваат со нови покреативни решенија. На трибина посебен акцент беше ставен на образованиот систем од причина што најголемиот број млади се опфатени со него. ДСЖ смета дека е потребно нашиот образовен процес да се реформира во насока која ќе стимулира и активно ќе допринесува за врвни достигнувања на учениците и ќе им помага на младите да се интегрираат и да се чувствуваат како драгоцен дел од здравото општество.  |
Скопје, 17.03.2011 година Бранот на светската економска криза, успеа силно да ја заплисне и нашата држава. Тоа не беше цунами за македонското стопанство, но е доволен аларм за размисла и барање на нови стратешки ориентации кои треба да одговорат на прашањето како до економски равој и нови вработувања. Демократскиот сојуз тоа веќе го прави во својата изборна програма во која главен акцент става на развојот на јако и одржливо стопанство, базирано на силни економски, еколошки и социолошки елементи. Ставот на ДС е дека нашиот економски просперитет пред се треба да се темели на зголемената енергетска ефикаснот и ефикасно користење на природните ресурси.  |
Скопје, 14.03.2011 Се подготвува ли Демократскиот сојуз за избори и имате ли план како ќе настапите - самостојно или повторно во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?  |
Скопје, 12.03.2011 година Денес, 12.03.2011 година, Централниот Совет на Демократскиот сојуз, одржа седница на која се расправаше за претстојните предвремени парламентарни избори. Демократскиот сојуз, смета дека изборите треба да се одржат во најкус можен рок. Пролонгирањето на предвремените избори, негативно влијае на севкупните состојби во државата, ги кочи реформите, ги слабее демократските институции, како и економскиот развој.  |
Скопје, 09.03.2011 година Демократскиот сојуз се оградува и ги осудува ставовите на самопрогласените интелектуалци и „чувари“ на македонските интереси, а посебно од ставовите на г. Ристо Никовски, поранешен македонски амбасадор и член на Советот за меѓународни односи на претседателот на државата, изнесени пред два дена во колумна во весникот „Нова Македонија“ во која авторот изразува зачуденост зошто евроамбасадорот Ерван Фуере не бил протеран од Македонија, додека за американскиот амбасадор Филип Рикер пишува дека се однесува како на родео, односно како македонски неизбран гувернер.  |
Прилог на г-нот Павле Трајанов, Четврток, 20 јануари - Господин Зоран Димитриевски, ме замоли да пишувам дневник, што веднаш ме потсети на 1991 година, кога бев назначен за потсекретар на Службата за јавна безбедност и од првиот ден одлучив да пишувам дневник како автентично сведочење на случувањата сврзани со процесот на осамостојувањето на Република Македонија. Ми се враќаат слики од одземањето на оружје од магацините на ЈНА, воената евиденција од Министерството за одбрана, повлекувањето на ЈНА од Македонија, преземањето контрола на границите со соседните држави, референдумот за самостојна Македонија... Сведоштва кои се надевам дека еден ден ќе бидат преточени во книга.Денес за Дојче Веле дадов кусо интервју околу иницијативите за промени на Уставот, да нема застарување за кривичните дела од областа на организираниот криминал, криминалната приватизација и сл.  |
Скопје, 28.01.2011 година Демократскиот сојуз ја осудува постапката на СДСМ за напуштање на Собранието на Република Македонија, оценувајќи дека на овој начин СДСМ врши политички притисок врз судскиот ситем во целина и го загрозува владеењето на правото и правниот систем.  |
Интервју на Павле Трајанов 26.12.2010 година, Скопје  |
|
|
 |
|
06.12.2010 Демократскиот сојуз смета дека наместо радикализација на политичките состојби во државата, неопходна е конструктивност, идеи и превземање на дел од одговорноста за справување со предизвиците со кои се соочува Република Македонија.  |
26.11.2010 Демократскиот сојуз смета дека со вчерашните случувања, до светот се испрати грда слика за Република Македонија, која со ништо не може да се избрише. Затоа, инсистираме докрај да се разјасни улогата на сите актери и да се утврди нивната одговорност.  |
15.11.2010 Поаѓајќи од актуелните политички случувања, пред сe, претстојниот Самит на НАТО во Лисабон, како и состанокот на Советот на Европската унија, Демократскиот сојуз предлага да свикате лидерска средба со претседателите на политичките партии, на која ќе се расправа и ќе се изгради единствена Платформа за интеграција на Република Македонија во НАТО и за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во ЕУ.  |
Павле Трајанов, пратеник од Демократски сојуз Разговара: Тодор Стојчевски Журнал: Како политичка партија, Демократскиот сојуз и Павле Трајанов, како пратеник сте дел од владејачкото мнозинство. Се чуствувате ли одговорни заради тоа што Македонија тапка во место, речиси, во сите сегменти од живеењето. Во некои дури и назадува, иако да бидеме искрени, малку се оние во кои се чуствува позитивно раздвижување?  |
декември,2009 Спорот со Република Грција, поврзан со името на Република Македонија, го забавува и кочи процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и НАТО, којшто има и непроценливи негативни импликации за севкупниот развој на Република Македонија, за добрососедските односи, како и за стабилноста на Балканот во целина.  |
December 2009 The dispute with the Republic of Greece regarding the name of the Republic of Macedonia slows down and presents an obstacle in our country's process of integration in EU and NATO, which has grave negative implications on the general development of the Republic of Macedonia, good neighbourly relations, as well as stability of the Balkans as a whole.  |
12.11.2009 Спорот со Република Грција, поврзан со името на Република Македонија, го забавува и кочи процесот на интеграција на нашата држава во ЕУ и НАТО, којшто има и непроценливи негативни импликации за севкупниот развој на Република Македонија, за добрососедските односи, како и за стабилноста на Балканот во целина.  |
The dispute with the Republic of Greece regarding the name of the Republic of Macedonia slows down and presents an obstacle in our country's process of integration in EU and NATO, which has grave negative implications on the general development of the Republic of Macedonia, good neighbourly relations, as well as stability of the Balkans as a whole.  |
18.07.2009 Препораката на Европската комисија за укинување на визите за граѓаните на Република Македонија, според Демократскиот сојуз, претставува долго очекувано и заслужено признание за реформите кои Владата ги презеде во насока на исполнување на одредниците од Патоказот за визна либерализација. Ослободувањето од шенгенската бариера претставува доказ дека кога се има цел и се работи на нејзиното остварување, истата се реализира со посветена и упорна работа.  |
10.06.2009 Балканот и Република Македонија и понатаму се соочуваат со сериозни предизвици, посебно со тешки форми на организиран криминал, тероризам, трговија со дрога, оружје, жени и сл.  |
03.04.2009 Демократскиот сојуз ги повикува граѓаните на Република Македонија да излезат на гласање, со што ќе придонесат вториот круг од изборите да се одвива во мирна и демократска атмосфера.  |
19.03.2009 Демократскиот сојуз најостро реагира на последните одлуки на претседателот на Република Македонија во заминување, г. Бранко Црвенковски, за помилување на осудени лица кои ниту еден ден не поминале во затвор. Со еден ваков непримерен потег кој во себе содржи цинизам кон сопствените граѓани, претседателот кој ги брои последните денови од својот мандат, го покажува својот неодговорен однос кон сопствената држава, кон нејзиниот правен систем и поредок. Уште повеќе иритира фактот што претседателот и комисијата за помилување од неговиот кабинет, целосно го игнорирале негативното мислење од Министерствотро за правда, што меѓу другото, претставува акт на ароганција и чин на непочитување на институциите и “нетрпеливост “ кон сопствената Влада.  |
05.02.2009 Демократскиот сојуз од поодамна работи на еден нов проект кој во најскоро време ќе и биде понуден на Владата, а тоа е воведување на задолжително сексуално образование во основните и средните училишта.  |
|
|
|
|
|
|