Демократски сојуз: Честитки за студентите кои ја бранеа демократијата

01.07.2016

Демократски сојуз: Честитки за студентите кои ја бранеа демократијата

Демократскиот сојуз упатува честитки до студентите кои во текот на вчерашниот ден и ноќта покажаа храброст при обидот да спречат одржување на криминални и нелегитимни избори за лидер на студентите.

Студенти од Студентскиот пленум беа тепани од полицијата и насилно влечени, за да се овозможи да се прогласи лидер на студентите во организација на власта.

Демократскиот сојуз најостро го осудува вклучувањето во кршењето на изборниот процес на активисти на ВМРО-ДПМНЕ и бара одговорност за сите што придонесоа за хаосот и грдите пораки кои се испратија до светот.

ДС бара целосно расчистување на улогата и одговорноста на министерот за внатрешни работи и министерот за образование, како најдиректно вклучени во тоа што се случуваше во текот на ноќта.

Наместо студентите да бидат единствени и заедно во борбата за владеење на правото, демократија, подобрување на квалитетот на образование и студентскиот стандард, сведоци сме на поделби и "војна" за интересите на владејачкиот естаблишмент.

Ако на овие избори пред очите на јавноста се случуваше хаос, полициска бруталност и фалсификат, што ли се ќе се случува на парламентарните избори.

Во право се граѓаните кои се погласно коментираат  "Од државата ништо не остана".

Демократскиот сојуз инсистира да се одржат парламентарни избори во Октомври за да се врати мирот и стабилноста.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners