ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА НЕ СЕ БРЗА СО ПАТОКАЗИ, БОРИСОВ КАЖА СЕ
30.11.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ДА НЕ СЕ БРЗА СО ПАТОКАЗИ, БОРИСОВ КАЖА СЕ

Демократскиот сојуз, врз основа на анализата на актуелните односи помеѓу Македонија и Бугарија, оценува дека бугарските барања се сведуваат на три клучни работи: прво, да прифатиме дека корените на македонскиот народ се бугарски, второ, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и трето, дека во Бугарија нема Македонци.

За да ги оствари овие цели, Бугарија ја блокира Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Тоа е класична уцена и нема поголема навреда за еден народ, да се негира или да се тврди дека тој е вештачка творба и да се употребуваат други потешки квалификации кои не е пристојно ниту да ги споменеме. Впрочем, бугарскиот премиер Бојко Борисов за влијателниот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг призна од што се плаши: од признавање македонско малцинство во Бугарија!

Демократскиот сојуз му препорачува на преговарачкиот тим на Македонија јасно, гласно и недвосмислено да му соопшти на бугарскиот државен врв, дека македонскиот народ е посебен и дека живее и опстојува на овие простори со векови, дека македонскиот јазик е автентичен, како и дека во Бугарија живеат Македонци (национално малцинство).

Ако се тргне од тие позиции, тогаш може да се разговара за други прашања и да се дадат гаранции дека немаме никакви територијални барања и претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, дека сакаме да се олесни движењето на граѓаните (границата да се минува само со лични карти), инфраструктурно да се поврземе, да се отвориме за слободно движење на капиталот, да ја продлабочиме соработката во областа на безбедноста и одбраната, здравството, образованието, туризмот итн. Малцинствата во нашата земја и Македонците кои живеат во соседните држави, треба да се мост за подобро меѓусебно разбирање и почитување на различностите.

Затоа Демократскиот сојуз повикува на претпазливост за било какви нови договори или „патокази“ кои на било каков начин долгорочно ќе го доведат во прашање македонскиот идентитет. Да не се направи грешка која ќе ја платиме со губење на државата, затоа што нема држава без народ, јазик, територија и суверено владеење.

Демократскиот сојуз е цврсто определен за европските вредности, за полноправно членство во ЕУ, за добрососедски односи со сите соседи, за меѓусебно почитување и соработка, но сакаме да нагласиме дека претстојниот месец декември не е крај на светот, за да мораме да одржиме меѓувладина конференција со ЕУ. Има време за се, само треба да се реформираме, да воспоставиме нов систем на вредности и законите да важат за сите подеднакво.

Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners