Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа

17.02.2019

Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа

По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а 8-мина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции.

За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:

1. Да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на ДУРМО-ТУРС, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници.

2. Да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти.

3. Да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед.

Инаку оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици.

Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата (придржување на работно време на возачите, здравствената состојба и сл.), јавното обвинителство итн.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners