Демократски сојуз: Eфектите од политичката криза се катастрофални

29.06.2016

Демократски сојуз: Eфектите од политичката криза се катастрофални

Демократскиот сојуз повикува разговорите помеѓу политичките партии за излез од севкупната криза да бидат транспарентни и истите да се забрзаат, а во решенијата да се вклучат предлозите од Демократскиот сојуз и граѓанските асоцијации.

Се поголема е загриженоста на граѓаните за иднината и перспективите на државата, како и разочараноста од состојба на статус кво.

Демократскиот сојуз и граѓаните, пошироката јавност и медиумите, немаат елементарни податоци за предлозите како да се среди избирачкиот список, кои се предлозите за реформи во медиумите и сл., туку само парцијални и наменски изјави од претставници на партиите вклучени во преговорите.

Инаку во времето на "замрзнување" на учеството во работата на Парламентот на опозицијата, се случуваат крупни промени на штета на државните интереси. Така, се вршат системски промени во МВР, се отвора нов партиски Универзитет, се носи ребаланс на Буџетот во функција на клиентелизамот за изборите и многу други проекти кои значат подготовки за нерамноправен изборен натпревар.

ДС бара сите партии да се вклучат во аргументирана расправа и анимирање на медиумите и граѓанскиот сектор, со цел да се спречи донесување на акти кои ќе имаат долгорочни штетни последици за Македонија, владеење на правото и демократијата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners