Демократски сојуз: Историска шанса за Македонија

14.06.2018

Демократски сојуз: Историска шанса за Македонија

Демократскиот сојуз оценува дека постигнатиот договор помеѓу владите на Република Македонија и Република Грција е храбар, одговорен и државнички чин, со кој се нормализираат односите помеѓу двете држави и се отвораат перспективи за развој на  Македонија и балканските држави.

Наш врвен, национален и стратешки интерес е деблокада на евроатланските процеси и полноправно членство во НАТО и Европската унија.

Со овој договор се зацврстува македонскиот идентитет и еден од клучните елементи на нацијата - македонскиот јазик.

ДС ја подржува јавната дебата низ која граѓаните, експертите, невладиниот сектор, политичките партии и медиумите, ќе ги соочат аргументите и на крај, на референдум, граѓаните ќе донесат одлука која сите ќе ја почитуваме.

Обидот за блокада на процесот на ратификација на договорот и манипулација со чувствата на граѓаните е поткопување на стабилноста на државата и поделба помеѓу македонците, со несогледливи последици по мирот и севкупниот развој на Република Македонија како демократска и унитарна држава.

Последни Активности

12.02.2014

ДС: За консензуален претседател одлучуваат граѓаните

За претседател на државата треба да биде предложен кандидат со високи морални квалитети, со личен и професионален интегритет, кандидат кој ќе биде посветен на реализација на приоритетите на Република Македонија, а тоа се евроинтеграциите и полноправното членство во НАТО. 

прочитај повеќе...

26.12.2013

Трајанов за Нова Македонија: Одговорност за спорот со името треба да преземат сите релевантни политички фактори

Господине Трајанов, имавте повеќе предлози што би можеле да го олеснат наоѓањето решение за името. Побаравте ЕУ-посредник за спорот со Грција, но веќе подолго време барате и општ консензус за прашањето.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners