ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:КОНСЕНЗУС ЗА СТРАТЕШКИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

28.04.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:КОНСЕНЗУС ЗА СТРАТЕШКИТЕ И НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ

Силната меѓународна поддршка на Република Македонија и позитивните оценки за демократските промени,се историска шанса сите политички партии да седнат заедно на маса и да дефинираат стратегија за надминување на спорот околу нашето Уставно име наметнат од Република Грција и да преземат одговорност за иднината и перспективите на државата.

Неспорно е дека за влез во НАТО и Европската Унија постои политички и граѓански консензус и поддршка од земјите членки на НАТО и ЕУ, но факт е дека десет години евроатланските процеси беа блокирани и Македонија стагнираше.

Шансите што се отворија треба да се искористат, но воедно да се гради и стратегија како понатаму доколку приемот во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ и натаму се развлекуваат.

Очекувањата на граѓаните се огромни, но трпението е потрошено, затоа треба консензус и преземање на дел од одговорноста од сите релевантни политички партии околу државната стратегија.

Последни Активности

08.08.2018

Павле Трајанов за Слободен печат: Рано е да се прават анкети за референдумот

 Сè уште е рано да се прават анкети во врска со референдумот, иако,  бројките од анкетите имаат големо влијание во целиот процес.

прочитај повеќе...

02.08.2018

Демократски сојуз: Честит Илинден

Демократскиот сојуз на сите граѓани им го честита 2-ри Август, најголемиот празник на Македонците и сите граѓани на Република Македонија, Денот кога се удрени темелите на суверена, независна и слободна Македонија.

прочитај повеќе...

28.07.2018

Демократски сојуз: Договорот со Грција е за влез во НАТО И ЕУ

Деновиве од страна на политички партии, експерти и медиуми, се отвораат дилеми околу можното референдумско прашање сврзано со имплементација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција.

прочитај повеќе...

19.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: КОНСУЛТАТИВЕН РЕФЕРЕНДУМ

Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение  со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните.

прочитај повеќе...

13.07.2018

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: МАКЕДОНИЈА КРЕАТОР НА МИРОТ И СТАБИЛНОСТА

Поканата за полноправно членство во НАТО, за Република Македонија претставува најголемиот цивилизациски и историски исчекор.

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners