Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

05.06.2016

Демократски сојуз: Македонија една изборна единица

Денес, претседателот на ДС, Павле Трајанов, одржа прес конференција на која ги презентира следните ставови:

Демократскиот сојуз предлага Република Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем и јакнење на одговорноста при носењето круцијални одлуки и владеење на правото.

Во рамките на приоритетните реформи кои треба да ги спроведа Реформската Влада (се очекува да се формира во текот на овој месец), предлагаме да бидат и промените во изборната регулатива, при што најбитно е да остане пропорционалниот изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица.

Во ова насока очекуваме и нов систем за евидентирање на гласачите, електонско гласање, како и целосна професионализација на ДИК.

Доколку Македонија биде една изборна единица, составот на Парламентот ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, но и во голема мера ќе се намалат можностите за кршење на изборните правила, партиите ќе морат да соработуваат и ќе се создадат услови за поодговорно владеење.

Овој изборен модел отвора можност и за помалите и новоформираните партии, како и за помалите етнички заедници.

Ги повикуваме политичките партии, граѓанските асоцијации и сите граѓани, доколку се за промени, правда и одговорно владеење, да ја подржат оваа иницијатива.

Демократскиот сојуз очекува коренити реформи и во правосудството, системот за безбедност, медиумите, департизациија на институциите, како битни предуслови за организирање на фер, демократски и кредибилни избори.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners