Демократски сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх!

11.7.2025

Демократски сојуз: Наместо како земја членка на ЕУ, Бугарија парадира како сојузник на Третиот рајх!

 

Демократскиот сојуз го осудува триумфалистичкото однесување на бугарската Влада по бришењето на одредниците за македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија. Со таквата еуфорија и со упатените навреди кон македонската Влада, официјалните личности од Софија само ги демонстрираат своите вековни фрустрации и неуспешни обиди за бугаризација на Македонија и на Македонците.

Бришењето на македонскиот јазик и идентитетот од Извештајот во Европскиот парламент конечно ја убеди цела Европа дека намерата на официјална Софија не се никакви човекови права за Бугарите во Македонија, туку процесот на европска интеграција на нашата држава да се искористи за „конечна пресметка со македонизмот“, односно за уништување на вековниот, историски континуитет на македонскиот народ и неговите етнички и јазични обележја.

Премиерот на Бугарија, Росен Желјасков, по самиот на НАТО во Хаг, потсетувајќи дека јазикот што го користат функционерите во двете земји треба да всадува пријателство, а не омраза, меѓу другото ќе изјави: „Ќе си дозволам една аналогија – целта на нашите пријатели од Македонија не е да го преземат Вавилон, туку да влезат во ЕУ...“ За жал, бугарската Влада, во однос на евроинтеграцискиот процес на Македонија, не само што не се однесува како влада на земја членка на ЕУ, туку со отвореното негирање на македонскиот идентитет и јазик, парадира во Брисел како сојузник на Третиот рајх!

Бугарија изгуби три војни за Македонија, а главната причина за тоа се обидите за територијална и етничка асимилација на македонското население како бугарско.  Официјална Софија сe уште се надева дека ќе ја добие „четвртата војна“ и ќе ги оствари санстефанските соништа преку уцени во преговарачкиот процес за членство на Македонија во ЕУ.

Демократскиот сојуз ги повикува сите политички партии на национално обединување за да се упати јасна порака до Софија и Брисел дека никакви идентитетски и историски отстапки од Македонија нема да има.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners