Демократски сојуз: Партиите да не вршат притисок врз медиумите и да не шират лажни вести

22.12.2019

Демократски сојуз: Партиите да не вршат притисок врз медиумите и да не шират лажни вести

Демократскиот сојуз го поздравува донесувањето на Регистерот на професионални онлајн медиуми што го промовираа Здружението на новинарите на Македонија и Советот на етика во медиумите во Македонија со поддршка на Стопанската комора, кој ќе биде достапен за јавноста од 1 јануари 2020. Уверени сме дека оваа алатка за саморегулација на медиумите ќе помогне за зајакнување на професионалното новинарство во онлајн сферата и во борбата против лажните вести од кои е загрозена нашата демократија.

Ги повикуваме онлајн медиумите - порталите за вести кои се уште не се дел од регистерот да ги почитуваат професионалните стандарди и новинарската етика и што поскоро да станат дел од овој регистер. Ги повикуваме и новинарите од другите традиционални печатени и електронски медиуми да известуваат професионално, одговорно и отчетно и да се приклучат во саморегулацискиот механизам на Советот на етика во медиумите.

Истовремено, ги повикуваме и надлежните органи да не го злоупотребуваат Регистерот на професионални онлајн медиуми со ускратување на правата на информирање и акредитација на новинарите чии медиуми се уште не се дел од регистерот и да се воздржат од поднесување тужби за навреда и клевета.

Демократскиот сојуз е уверен дека слободното и професионално новинарство е најважната алка на демократијата. Во предизборниот период што следува, улогата на медиумите е од исклучителна важност за еднаков пристап до јавноста на сите политички понуди.

Поради тоа, ги повикуваме партиите од власта и опозицијата да ја почитуваат слободата на печатот, да не вршат притисок врз новинарите при нивното известување и да се воздржат од негативна кампања со пласирање лажни вести и измислени информации за своите политички противници, користејќи го своето влијание во медиумите.

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата во овој кус временски период што преостанува до распуштање на Собранието предвидено за 12 февруари, да демонстрираат политичка волја и да ги изгласаат составот на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија кои се заглавени во собраниската комисија.

Кредибилен, професионален и независен кадровски состав на овие две тела е од исклучителна важност за професионалното известување на јавниот радиодифузен сервис и на комерцијалните радио и ТВ медиуми во периодот на изборите.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners