Демократски сојуз: Потребни се реформи и работа

06.02.2019

Демократски сојуз: Потребни се реформи и работа

 

Не намалувајќи ја важноста на претседателот на Република Македонија, Демократскиот сојуз, смета дека претседателските избори треба да се одвиваат во фер политички натпревар и без парализа на реформските процеси кои се предуслов за ратификација на Протоколот за полноправно членство во НАТО и започнување на пристапните преговори за влез во ЕУ.

Во оваа насока Демократскиот сојуз инсистира на следното:

1. Робусна и ефикасна борба против организираниот криминал и корупцијата, посебно против институционалниот криминал.

Државата мора на ефективен начин да се справи со сите што ја попречуваат правдата и ефикасната борба против криминалот.

2.Реформа на правосудниот систем, преку преиспитување на работата на секој судија и обвинител, како и носечките кадри во службите за безбедност

Без расчистување на монтираните политичко-судски процеси, судиите и натаму ќе бидат инструмент на партиите и криминалните политичко-бизнис групации, за остварување на нивните цели.

3.Реформите на безбедносните служби треба да бидат суштински и во чекор со современите трендови, кадровската обнова и воспоставување на цивилна контрола над нив.

Работната верзија на Законот за внатрешно разузнавање треба целосно да се преработи и во подготовката да се вклучат експерти-познавачи на разузнувањето и системот за безбедност во целина.

4.Администрацијата треба да биде ефикасен сервис на граѓаните и гарант за стабилност и функционирање на државата.

Коренити промени при селекцијата и приемот на работа и задржување на позициите во администрацијата. Селекцијата да се врши врз основа на три критериуми: постигнат успех при школувањето, рангот на факултетот и време на чекање за работа.

5.Слободата на говорот, објективното информирање и транспарентноста на власта, само ќе не вброи во слободните држави, но мора да се разработи и стратегија против лажните вести и партиско-манипулативните “медиуми“.

Државните институции мораат следните четири месеци да постигнат резултати, доколку сакаме да фатиме чекор со европските вредности и стандарди и Македонија да биде на “брзата лента“ за членство во Европската унија.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners