Демократски сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

1.2.2024

Демократски сојуз: Со измените на Кривичниот законик „капиталците“ се на слобода

Во врска со демантот на Уставниот суд за измените на Кривичниот законик и ставовите на Павле Трајанов, претседател на ДС и пратеник, ги презентираме следните факти:

Прво, на 6.9.2023 година, Собранието на Република Македонија ги донесе измените на Кривичниот законик со кој се намалија казните за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување и се декриминализира кривичното дело поврзано со јавните набавки.

Измените на законот беа објавени во „Службен Весник на РСМ“ бр.188/23 од 7.9.2023 година.

Второ, Павле Трајанов на 19.9.2023 година, до Уставниот суд, поднесе Иницијатива за преиспитување на измените на Кривичниот законик, дали се во согласност со Уставот.

Соопштението и иницијативата беа доставени до медиумите. Во соопштението јасно стои, цитираме: „ОЧЕКУВАМЕ УСТАВНИОТ СУД ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ ДА ДОНЕСЕ ПРИВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ПРИМЕНА НА ИЗМЕНИТЕ НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК ДО ДОНЕСУВАЊЕ КОНЕЧНА ОДЛУКА ПО ИНИЦИЈАТИВАТА“.

Соопштението беше објавено од голем број медиуми.

Трето, Уставниот суд досега не го информирал подносителот на иницијативата за тоа дали постапил, дали е прифатена иницијативата, дали има донесено времена мерка итн.

Четврто, Измените на Кривичниот законик се применуваа при што голем број носители на јавни функции кои ја злоупотребиле службената положба за кои се води кривична постапка се ослободени, а над 200 други функционери или службени лица исто така ќе бидат ослободени.

Инаку, Демократскиот сојуз и претседателот на партијата, со своите ставови и иницијативата до Уставниот суд, укажаа на штетните последици од донесувањето и примената на измените на Кривичниот законик, измени со кои се урива владеењето на правото.

Ние зборуваме за суштината на иницијативата, а не за формално правните аспекти.

Нашите очекувања беа и сè Уставниот суд да донесе одлука за одложување на примената на измените на Кривичниот законик и донесување на одлука со која ќе ја укине нивната примена.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners