ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СТАБИЛНОСТ НА ДРЖАВАТА

19.03.2017

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: СТАБИЛНОСТ НА ДРЖАВАТА

Централниот совет на Демократскиот сојуз, расправаше за актуелната политичка состојба во земјата, при што оцени дека се работи за контролирана политичка криза од раководството на ВМРО ДПМНЕ, која може да излезе од контрола и да се случи дестабилизација на државата од пошироки размери, со можни тешки и неизвесни последици.

Демократскиот сојуз смета дека така наречената "Албанска платформа" се користи за поттикнување на национализам и нарушување на соживотот во Македонија, како и за интеретнички конфликти.

Затоа, Демократски сојуз  апелира сите партии, експерти и новинари, да се повлечат од оваа “декларација, меморандум или платформа“ и да престанат да ја експлоатираат,а за сите  прашања да се отвори демократска и аргументирана расправа и обезбеди граѓански и политички консензус при нивното решавање.

Демократскиот сојуз смета дека сите партии и граѓани знаат дека Влада може да формира партија или партии кои имаат најмалку 61 пратеник, а не помалку и дека должност на Претседателот  на Република Македонија е да го даде мандатот на партиите кои имаат мнозинство во Парламентот.

Промената на власта е логична и потребна, за што се определија над 700 илјади граѓани од сите етнички заедници.

Промените значат, одговорно владеење и создавање услови за јакнење на капацитетите на демократските институции, владеење на правото и можно преиспитување на политиките на претходната власт.

Демократскиот сојуз оценува дека мирниот и демократски трансфер на власта е во интерес на сите граѓани, како и во интерес на стратешките и националните државни интереси.

Пролонгирањето на промените и натаму ќе ја усложнуваат состојба која може да излезе од контрола и да бидеме вовлечени во хаос. 

Блокада и парализа на државните институции се доволни индикатори за загриженост и одговорност од сите политички субјекти во државата. 

Демократскиот сојуз ги повикува службите за безбедниот и полицијата,  да ги превенираат сите можни активности против Уставниот поредок, да обезбедат стабилен јавен ред и да спречат нарушувања на безбедноста со цел да се спречи мирен трансфер на власта.

Демократскиот сојуз оценува дека се созреани условите за избор на претседател на Собранието и реформска Влада на Република Македонија, додека локалните избори треба да се одложат најмалку за месец септември.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners