Демократски сојуз: Закон за Јавно Обвинителство без корумпирани и амнестирани

26.02.2020

ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ: ЗАГРОЗЕНА ПРАВНАТА СИГУРНОСТ

Демократскиот сојуз смета дека со објавување на нелегално снимени разговори се загрозува приватноста и правната сигурност на граѓаните.

повеќе...
12.02.2020

Трајанов за „Политика“: Македонија треба да биде една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, се залага за укинување на „еднопартискиот систем“, со цел да се создадат услови за суштински и системски промени во начинот на владеење,а со тоа да се зголеми одговорноста на извршната власт, посебно на премиерот и министрите. Оваа партија се залага и нуди решенија за борбата со загадениот воздух, но и со борбата со мафијата која располага и профитира од отпадот.

повеќе...
20.02.2020

ГЛАВНИ ПРОГРАМСКИ ПРИОРИТЕТИ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Прес конференција на ДС, Павле Трајанов: „Премиерот и министрите да се објават пред изборите.“ Демократскиот сојуз во предизборната соработка со другите партии ќе се залага за афирмација и имплементација на принципите за кои се залага 20 години: правна сигурност, борба против криминалот, економски развој и полноправно членство во НАТО и Европската унија.

повеќе...
27.01.2020

Демократски сојуз: Закон за Јавно Обвинителство без корумпирани и амнестирани

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата донесувањето на Законот за јавно обвинителство кој е од исклучителна важност за борбата против организираниот криминал и високата корупција и за нашите европски интеграции, да не го користат за партиски надмудрувања и предизборна политичка кампања.

Демократскиот сојуз смета дека во градењето на законските решенија на Законот за јавно обвинителство треба првенствено да се вклучат експерти и пратеници односно претставници на политичките партии против кои не се водат судски постапки или пак се амнестирани за тешки облици на криминал.

Бараме текстот на законот јавно да се објави, јавната расправа да биде пренесувана во живо преку собранискиот канал, и јавно, во писмена форма да се објават ставовите на партиите вклучени во преговорите за Законот за јавно обвинителство. Продолжувањето на „преговорите“ да се одвива пред медиумите.

Демократскиот сојуз смета дека за обвинители во одделот за организиран криминал и висока корупција треба да се бираат најстручните кадри, за кои нема никакви сомневања за инволвираност во криминал, професионалци кои уживаат углед во јавноста и за кои нема сомнение за политичка поврзаност, да се со висок професионален кредибилитет и интегритет и посебно, на никој начин да не се поврзани со криминалната афера „Рекет“.

Исто така, треба да се обезбеди висок степен на независност, двостепеност и контрола над работата на одделот за гонење на организиран криминал и корупција.

Демократскиот сојуз смета дека законот треба да биде во функција на ефикасно гонење на криминалот и високата корупција и затоа сме против гнили компромиси, политички пазарења и отстапки на штета на владеењето на правото и подеднакво важење на законите за сите.

Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners