Интервју со Павле Трајанов за Денес Магазин

06.09.2018

Интервју со Павле Трајанов за Денес Магазин

 

ДЕНЕС: Привршуваат подготовките за почеток на кампањата за Референдумот околу македонскиот прием во НАТО И ЕУ и склучениот договор со соседна Грција. Очекувате ли негов успешен исход?

ТРАЈАНОВ: Референдумската кампања треба да биде информативна, содржината на договорот со Грција да се објасни објективно, со предностите и слабостите и перспективите кои се за Македонија со приемот во НАТО и Европската унија.Кампања не смее да се узурпира за дневно-политички цели, во неа да се вклучат и самите граѓани, експерти, невладиниот сектор и медиумите. Политичките партии не треба да водат агресивна кампања, и во медиумите да отстапат простор за партиски неекспонирани личности.Во подготовката и реализацијата на кампањата се вклучени и експерти за ПР од странство, и сосема е извесно дека референдумот ќе биде успешен.

ДЕНЕС: Какви се оценките на вашата партија за значењето на споменатиот договор и каква референдумска порака ќе упатите до јавноста?

ТРАЈАНОВ: Сите што бевме вклучени во овој процес, знаеме дека пропуштивме многу подобри шанси, но недостасуваше политичка храброст и преземање на одговорност. Зоран Заев влезе во овој процес и резултатот е видлив: потпишан е договор и со Бугарија и Грција.

Договорот е компромис кој ги деблокира евроатлантските процеси за Македонија, договор кој ги јакне македонскиот идентитет и јазик, и отвора перспективи за младите да останат и создаваат во Македонија.

Со членството во НАТО се јакне внатрешната кохезија, унитарноста, стабилноста и воспоставува систем за владеење на правото, како круцијални претпоставки за економски развој.

Граѓаните одлучуваат и се надевам ако добро се информираат на 30. септември ќе донесат одлука со историски димензии.

Граѓаните треба да излезат и јас би ги повикал да гласаат “ЗА” Европска Македонија, за држава каде ќе нема место во политиката за манипуланти и криминалци.

ДЕНЕС: Дел од македонските опозициски партии повикуваат на бојкот, додека најголемата ВМРО-ДПМНЕ сеуште не се произнесува околу учеството на референдумот. На што, според Вас, се должи ваквата нејзина неодлучност и дали можеби се работи само за тактика да се изнудат одредени барања кои се неприфатливи за власта?

ТРАЈАНОВ: Легитимно е да има и партии и граѓани кои се против, некои да бојкотираат или едноставно кои се противат за Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ.Раководството на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да издејствува амнестија за поранешното раководство и преку популистичка кампања да дојде на власт.Моите проценки  се сепак, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да излезат граѓаните и да гласаат по сопствено убедување, во спротивно на 30. септември ќе доживее дебакл кој тешко ќе го преживее.

ДЕНЕС: Како поранешен помошник, а подоцна и како министер за внатрешни работи водевте жестока битка против пробивот на организираниот криминал во највисоките ешалони на власта. За жал, изминатава деценија тој достигна невидени размери и стана речиси дел од државниот систем. Во пошироката јавност владее мислење дека и по смената на режимот состојбите не се многу променети, односно дека досегашните мерки не ги дадоа очекуваните резултати. Каков е вашиот коментар?

ТРАЈАНОВ: Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме. Македонија е криминализирана и сеуште нема видливи резултати во борбата против тешките облици на организиран криминал во кој по правило е вклучена власта.За близу две години од последните парламентарни избори, во 2016 година, сеуште немаме пресуда за конфискација на имот, забрана на политичко дејствување или ефективна затворска казна против оние кои ја ограбија Македонија.Без темелни реформи на безбедносниот систем, правосудството и администрацијата, борбата против криминалот ќе се сведе на прес конференции, новинарски анализи и коментари по рестораните, кој колку ограбил и сл.

Проектот “ДЕКРИ” беше системски пристап и неговата имплементација во голема мера ќе го сузбиеше организираниот криминал, посебно институционалниот, во кој директно е вклучена власта.

ДЕНЕС: Се залагавте за длабоки реформи во безбедносниот и судскиот систем кои што беа силно изложени на партиски влијанија и злоупотреби. Со оглед на присутните отпори, деструкции и блокади во тој домен, сметате ли дека реформите сепак се движат во посакуваната насока?

ТРАЈАНОВ: Реформите во Македонија бавно се движат, пред сѐ поради силните отпори од високите ешалони во администрацијата, која е идејно определена за опозицијата и без нејзино кадровско проветрување, реформи нема да има.Имаше доста монтирани судски процеси, но досега ниту еден не е преиспитан, ниту пак некој понел одговорност.

Но, има и позитивни движења, граѓаните се послободни, се води офанзивна дипломатска активност, има сериозни обиди да се зголемат инвестициите, да се отворат нови работни места, да се зголемат платите и слично, но без успешен референдум ќе имаме и натаму стагнирање и ќе останеме на дното на Балканската кал.

Извор: Денес Магазин

Последни Активности

20.10.2018

Демократски сојуз: Македонија чекори напред

Со одлуката на Парламентот за пристапување кон промени во Уставот, вратите на НАТО и ЕУ, останаа отворени за Македонија.

прочитај повеќе...

16.10.2018

Демократски сојуз: Дајте шанса на мирот

Демократскиот сојуз е за помирување помеѓу левицата и десницата, не поради друго, тука за да се спречат натамошните делби на штета на македонските национални интереси.

прочитај повеќе...

12.10.2018

Демократски сојуз: Глас на разумот

Гласањето за имплементација на преспанскиот договорот е глас на разумот, кој ќе ја придвижи Македонија напред.

прочитај повеќе...

03.10.2018

Демократски сојуз: Влез во НАТО па избори

Демократскиот сојуз смета дека пред партиските и личните интереси, треба да се води сметка за стратешките, националните и државните интереси на Република Македонија, како и пошироките граѓански интереси.

прочитај повеќе...

01.10.2018

Демократски сојуз: Договор за иднината на Македонија

Врз основа на првичната анализа на референдумот, Демократскиот сојуз ги изгради следните ставови:

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners