Павле Трајанов: "Не знам кој ќе ги изгуби изборите, но знам кој ќе победи"

24.11.2019

Павле Трајанов: "Не знам кој ќе ги изгуби изборите, но знам кој ќе победи"

Демократскиот сојуз, организираше трибина "МАКЕДОНИЈА НА КРСТОПАТ", во Скопје, на која свое обраќање имаше Павле Трајанов, претседател на ДС, кој меѓу другото рече дека, "Демократскиот сојуз е подготвен за претстојните парламентарни избори и дека се залага за робусна борба против организираниот криминал, владеење на правото и донесување на Програма за запирање на миграцијата, со конкретни мерки".

Трајанов побара до крај да се расчисти со сите инволвирани во случајот РЕКЕТ, а за паушалите што ги примале обвинителите од СЈО, да се покрене постапка за одговорност и враќање на парите на граѓаните.

За да се спроведе ветинг, треба да се донесе посебен закон со јасни критериуми и со истиот да бидат опфатени сите институции односно носители на јавни овластувања.

Зборувајќи за претстојните парламентарни избори, рече дека не знае кој ќе ги изгуби изборите, но знае дека партиите или коалицијата каде што ќе биде Демократскиот сојуз ќе однесе голема победа.

На трибината зборуваше и Драгана Кипријановска, која нон-пејперот на Франција го оцени како документ кој создава дилеми и во основа го блокира проширувањето на ЕУ.

Награда и казна се клучните елементи кои треба да се имаат во вид доколку оваа методологија се прифати од ЕУ.

Македонија мора да се реформира и без застој да чекори напред.

Глигор Стоименов, преспанскиот договор го оцени како документ кој ги отвори вратите за влез во НАТО и ЕУ, но неговата имплементација е сврзана со напредокот на Македонија во евроинтеграциските процеси.

На трибината обраќање имаше и Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ, кој зборуваше за тоа дека во изминатите две и пол години донесени се многу тешки и важни одлуки за иднината на Македонија и дека сме на прав пат.

Наскоро Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО и ќе продолжиме со реформите битни за граѓаните и за влез во ЕУ.

Спасовски очекува поддршка од граѓаните и победа на претстојните парламентарни избори.

На трибината присуствуваа голем број на граѓани кои поставуваа прашања и имаа коментари за актуелните состојби во државата.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners