Павле Трајанов побара Информација од МВР за грозоморните убиства

11.12.2023

Павле Трајанов побара Информација од МВР за грозоморните убиства


На денешната седница на Комисијата за одбрана и безбедност, пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, бара МВР до Собранието да достави Информација за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во која ке бидат опфатени сите аспекти поврзани со ликвидацијата на Вања и Панче, вклучително и активностите и мерките на МВР, како и на другите служби за безбедност.

И покрај сите апели да не се политизираат овие грозоморни настани, секојдневно се соочуваме со обиди на СДСМ  и премиерот Димитар Ковачевски да ја релативизираат и префрлат одговорноста на други партии и поединци.

Само преку сеопфатна анализа може да се дојде до клучните оценки за поставеноста и дејствувањето на системот, превенцијата, системските слабости, последици од партизацијата,толеранцијата на криминалните и екстремни однесувања, политичката заштита на говорот на омраза, неоснованите напади на неистомисленици итн.

Парламентот треба да расправа и за можна политичка одговорност на носителите на власт.

Комисијата го прифати предлогот, при што го задолжи министерот за внатрешни работи во рок од 15 дена да достави Информација до Комисијата за одбрана и безбедност.



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners