Трајанов: Заев ни ветуваше дека ако остане на власт, ќе нѐ носи во Елисејската палата кај Макрон

13.6.2023

Трајанов: Заев ни ветуваше дека ако остане на власт, ќе нѐ носи во Елисејската палата кај Макрон

Уште од првите месеци соработката со СДСМ не беше тоа што го замислувавме. Ние отсекогаш сме имале сопствен автентичен став за многу прашања, вели лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов во интервју за „Република“. Тој открива дека првиот поголем судир со СДСМ бил по интервјуто на Заев за БГНЕС.

- Имаме околу 60 ставови поинакви од СДСМ, е може да се говори дека сме биле дел од власта бидејќи партиципиравме симболично со еден заменик-министер за локална самоуправа, потсетува Трајанов.

Лидерот на ДС убедува дека никому не му веруваат во тоа што го зборуваат туку дали тоа што го кажуваат се имплементира во дело.

- Пред да формираме коалиција, еден многу близок пријател на Заев ми рече „тоа што ќе го договорите со Заев вечерва, утре не важи“. Така што, и не му верував дека до толку може да се договараш и ништо од тоа утре да не се реализира. Помалите партии сме принудени да соработуваме со некоја од поголемите партии. Искуството покажува дека самостојниот настап е осуден на пропаст. Можете да земете и 25.000 и 30 и 40.000 гласови, но кога тие ќе се поделат по изборни единици, може за 100-200 гласа да не влезете во Парламентот. Затоа е нашата силна определба, а тоа беше и едно од ветувањата на СДСМ, Македонија да биде една изборна единица.

Трајанов не може да се одлучи кој повеќе лаже – Заев или Ковачевски.

- Тоа е матрица на СДСМ. Сѐ ветуваат, ништо не одбиваат, но ништо од тоа не исполнуваат. Во разговорите тие атер не кршат, но работа не вршат, опишува Трајанов.

Тој се потсети на една од најголемите лаги на СДСМ и Заев поврзана со Елисејската палата и Макрон.

- Тоа се случуваше кога Заев ги изгуби и започнаа консултации со коалциските партнери. Заев пред сите најавуваше дека веќе има договор дека Макрон ќе организира голем собир во Елисејската палата во Париз, каде што ќе се одржи таа прва меѓувладина конференција и од тој датум ќе започнат пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа беше основа сите ние да поверуваме и да инсистираме оставката на Заев да се одложи по секоја цена со цел ако е тоа историска шанса, да не бидеме ние одговорни дека еве владата паднала поради неединство на коалциските партнери. Ние јасно презентиравме дека ако тоа не се случи, ќе се повлечеме од владата. Ниту Елисејската палата ја видовме, ниту договор и дури во јуни излезе францускиот предлог кој и Стево Пендаровски како претседател го отфрли како и Владата и Ковачевски и по десетина дена со некакви дотерувања и во суштина ништо не се промени го прифатија. Тоа е замката во која влезе Македонија и сега последиците треба да ги разрешуваме или да ги трпиме.

Трајанов смета дека е добро да се создаде една широка коалицска влада поддржана од сите партии и оти тоа е во интерес на нашите национални и стратешки интереси.

- Има крупни прашања за кои треба да покажеме национално единство. Таа идеја беше прифатлива и за ВМРО-ДПМНЕ и наместо таа идеја да ја промовира, тоа го направи Ковачевски. Премиерот не е за таква идеја туку се обиде да го нападне политичкиот опонент, односно ВМРО-ДПМНЕ и да ја искористи за непринципиелна критика и за манипулација на јавноста дека се е прифатливо. Секојдневните настапи на Ковачевски и другите од СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прифатиле промена на Уставот тоа го злоупотребуват. Не сакаат да ги слушнат другите барања бидејќи тоа е еден пакет кој треба да се направи за да се дојде до прифатливо решение и да не се блокираат евринтеграциските процеси. Но, тоа ќе трае кратко, граѓаните ќе видат дека тоа е класична манипулација и спинови се со цел да ù наштети на опозицијата. Ковачевски целосно ја злоупотреби идејата за национално единство и нема искрени намери за широка влада, посебно не да се откаже од неговиот стратешки партнер ДУИ. Владата на СДСМ со ДУИ е во комплетен пад, нема поддршка од граѓаните кај кои постои разочарување, револт и бес. СДСМ и Ковачевски водат класична вазална политика спрема ДУИ. Артан Груби во суштина е премиер на Владата. И тука е огромното незадоволство. Не може да се случи мнозинкиот народ да биде згазен од одредена политичка партија. Ако 90 пратеници се од мнозинскиот народ, а 20 или 30 пратеници се под команда на ДУИ, како тие да имаат монопол на целокупните процеси. Ја заглавија државата. Имаме процес на дуизација на државата. И другите партии што се дел од владата имаат крајно фундамнталистички настап и сакаат да предизвикаат меѓуверски или меѓуетнички и национален судир. Затоа настапуваат екстремно, поставуват барања кои не се прифатливи, но нивните барања многу брзо ги имплементираат Ковачевски и СДСМ. Тоа е клучниот проблем во државата. Јас сум за градење на македонско национално единство. Не прифаќам коалиција заради уставни промени, бидејќи тоа се сосема друга тема. За овие барања треба да изградиме национално единство, односно она што го барав јас на последната лидерска средба на која само Мицкоски ме поддржа, а тоа е да бараме од Бугарија да ги признае правата на Македонците. Важни се и трите елементи од документите од ЕУ, а тоа се Заклучоците на Советот, Општиот став и Преговарачката рамка. Бараме билатералните прашања наметнати од Бугарија да не бидат основа за блокада. И третото е признавање на нашиот национален идентиет. Многу е едноставно, во сите преговарачки рамки за сите држави стои дека јазикот ќе биде службен на Унијата, односно македонскиот јазик да биде офицален јазик. Важно е и во заклучоците да биде наведено дека ќе се имплементираат одлуките на Судот за човекови права во Стразбур за правата на Македонците.

Трајанов објасни под кои услови би гласал за уставни измени.

- Само ако има реципроцитет. Можам да поддржам широка коалиција за стратешки работи. Да се формира група која ќе работи на подготовка на нов устав и на стратешки национални интереси. Но, нема да поддржам коалциска влада која ќе се формира за да се промени Уставот без реципроцитет и без да се исполнат оние автентични национални барања.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески.

 

Извор



Последни Активности

1.11.2012

КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ НА ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ:

1. Радовиш

Страхил Гавритов, електро инженер, вработен во ЈП Плаваја-Радовиш.

2. Неготино

Ванчо Петров, професор во Гимназијата во Неготино...

прочитај повеќе...



13.11.2012

Трајанов - Историски момент за компромис со Грција

Очекувам да се дојде до некаков компромис, но тоа пред сè ќе зависи од внатрешното единство, од тоа дали Република Македонија ќе изгради единствена политика околу ова прашање, вели Павле Трајанов, водачот на македонската парламентарна делегација на Заседанието на Асамблеата на НАТО во Прага.

прочитај повеќе...

19.11.2012

ОПШТИНСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ДС - КОЧАНИ ИЗБРА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ

„ Потекнувам од работничко семејство, во партијата влегов поради чесноста, потенцијалите, политичката одговорност и пред се поради политичката иднина, којa ја гледам во Демократски сојуз “... 

прочитај повеќе...

14.01.2013

Kако до нови работни места?

Демократскиот сојуз, заедно со граѓаните ќе работи на градење на Програма за отворање на нови работни места , развој на економијата и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

прочитај повеќе...

18.03.2012

ОБРАЌАЊЕ НА ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ НА IV-ОТ КОНГРЕС НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ

Почитувани делегати, гости, драги пријатели, екселенции, претставници на медиумите, сакам да Ве поздравам и да посакам успешна работа на Конгресот. Демократскиот сојуз е партија која постојано бранува, партија која го слуша гласот на граѓаните. Силата на Демократскиот сојуз, произлегува од нашите принципиелни заложби...

прочитај повеќе...
partners partners partners partners partners partners